Thursday, May 31, 2012

Безебедност на интернет

Во најголем дел, интернетот е место кое нуди безброј информации, знаења и забавни содржини, како за децата и тинејџерите, така и за возрасните. Секој може да најде интересни и корисни содржини од многу сфери кои може да ги вгради во својот образовен процес, да надополни празнини во своето знаење од некоја област или едноставно да се информира за некоја тема. Исто така, интернетот нуди различни форми на забава за секого, како и досега невидени можности за комуникација!
Сепак, бројни потенцијални опасности и ризици за приватност и безбедност на неговите корисници реално постојат, особено за приватноста и безбедноста на децата и тинејџерите и нивните семејства.
Децата се особено подложни поради нивната детска отвореност, наивност и неискуство, но и возрасните бидејќи за голем дел од нив интернетот претставува сосема нов и непознат медиум. Затоа, познавање на некои основни правила за внимателно однесување на интернет секому можат да бидат од корист и да му помогнат да се заштити себеси, но и своите најблиски.

Wednesday, May 30, 2012

Брошура


Телескоп

Телескоп е еден од најважмите астрономски и оптички инструменти. Телескопот собира и фокусира светлина т.е. електро магнетно значење и покажува зголемена слика и многу оддалечени објекти. Со помош на оваа справа може да видиме и снимиме слики на објекти кои се премногу оддалечени, премали или со слаб сјај. Првиот телескоп го конструирал Галилео Галилеј на почетокот на 17 век. Уште во 1610 година направил револуционерни откритија. Тој воочил колку време му треба на Сонцето да заврти околу својата оска. Ги пронашол четирите сателити на Јупитер и прв го видел Млечниот Пат како мноштво од ѕвезди.

Thursday, May 17, 2012

Посета на планетариум

Јас и моето оделение заедно со наставничката бевме во посета на планетариум. Причината за таа посета беше проектот што го правевме на тема планети и соѕвездија. Таму кога дојдовме влеговме во една просторија на која таванот наместо обична форма имаше форма на купола. Кога го прашавме чичкото што работеше таму зашто е тоа така, тој ни рече дека така е направен за полесно работење и гледање на ѕвездите. Седнавме и започна презентацијата. Тој ни кажуваше за положбата на сонцето, како да ја пронајдеме големата мечка, орион и северница. Исто така ни кажуваше како се добиени имињата на ѕвездите и слично. Ни кажа за редот на планетите и нивните карактеристики. Мене многу ми се допадна оваа посета а се надевам и на моите другарчиња. Тука дознав за многу работи што ме интересираа. Овој човек ми помогна да сватам многу работи, грешните мислења да ги променам со точни и многу друго.

Wednesday, April 11, 2012

Планета Венера

  • Венера е втората по близина планета до Сонцето и орбитира секои 224,7 земјини денови. По Месечината е вториот најсјаен објект кој може да се види на ноќното небо. Максималната видливост планетата ја има пред изгрејсонце и малку по зајдисонцето. Затоа често се именува како утринска ѕвезда или ѕвезда вечерница.
  • Името Венера доаѓа од името на Римската божица на љубовта - Венера. Многу од нејзините географски карактеристики го носат името на мистични и славни жени од историјата.Древните луѓе за Венера рекле дека е комета. За неа зборувале како за долгокоса, брадата и маѓепсана ѕвезда. Зборувале дека Венера зема форма на божица во својата убавина и во својот ужас, дека била огнен змеј кој ја нападнал Земјата.